|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Инженерски прстен за најдобрите млади инженери
|
|
|
|
Инженерски прстен за најдобрите млади инженери |
|
|
|
16.05.2004. |
|
Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски, Инженерската институција на Македонија почнувајќи од 2004 година доделува признание ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на најдобрите дипломирани студенти на инженерските факултети
Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, господинот Бранко Црвенковски, Инженерската институција на Македонија почнувајќи од 2004 година доделува признание ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на најдобрите дипломирани студенти на инженерските факултети.
Ова признание ќе претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји, што е основен предуслов за вклучување на Република Македонија во европското семејство.
Прстенот претставува круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја се симбол на чест и достоинство во Македонскиот културен круг од антика до денес. Ѕвездата претставува симбол на знаење, кое во случајов е резултат на синергија на различни дисциплини.
Честа први да го добијат ова престижно признание ја имаат дипломираните инженери:
Ана Ивановска, Архитектонски факултет Блерим Бајрами, Градежен факултет Марија Евнушева, Електротехнички факултет Билјана Стојковска Кузмановска, Земјоделски факултет Александар Ивановски, Интердисциплинарни студии Александар Костиќ, Машински факултет Дејанчо Георгиев, Технолошко металуршки факултет Весна Нечовска, Технички факултет – Битола Далиборка Ристовска, Шумарски факултет
Свеченоста ќе се одржи на 18 мај (вторник) 2004 во 12:00 часот, на платото пред Св. Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид.
ПРОГРАМА: - Величание на Св. Климент и Методиј – ансамбл Пелагонитиса
- Обраќање на претседателот на Инженерската институција на Македонија г-дин Горан Мраковски
- Обраќање на претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски
- Доделување на признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН 2004
- Коктел
Институцијата организира автобуски превоз Скопје-Охрид-Скопје, во 7:45 во вторник 18.05.2004, со поаѓање од бул. „Партизански одреди“ пред Градежниот факултет.
Информации на телефон: 02-32 29 040
(3278 hits/посети) |
|