Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Во Скопје одржана Конференција за слободен софтвер
Во Скопје одржана Конференција за слободен софтвер Испечати Е-пошта
17.05.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 15 мај 2007 година во Холидеј ин во Скопје се одржа Конференцијата за слободен софтвер 2007 во организација на УНДП, наменета за споделување на искуства и знаења поврзани со слободниот софтвер од Македонија и регионот.

Конференцијата ја модерираше г. Мирослав Јовановиќ, претседател на Комисија за информатичка технологија (КИТ). Тој одржа и презентација посветена на напорите кои во ЕУ се вложуваат за изучување и  користење на слободниот софтвер, врз основа на анализите кои укажуваат дека со негова примена се остваруваат огромни заштеди и се поттикнува технолошкиот развој.

При поздравните обраќања, г. Норимаса Шимомура од УНДП, г. Александар Угриновски од КИТ, кој зборуваше во името на министерот задолжен за информатичко општество г. Иво Ивановски, како и г-а Душица Перишиќ од ЗЕЛС ја изразија својата поддршка за примената на слободниот софтвер во Македонија, особено во рамките на локалната самоуправа.

Г-а Јулија Велкова од Интернет општество Бугарија одржа презентација на тековните истражувачки проекти за слободен софтвер поддржани од ЕУ кои се спроведуваат и во регионот, како „Флос ворлд“  и „СЕЛФ“. Г-а Велкова го истакна придонесот на Фондацијата Метаморфозис чии информации за состојбите во Македонија го имаат збогатено обемот на знаења на „Флос ворлд“. Таа укажа на можноста за понатамошно вклучување на фирми и институции од Македонија во слични иницијативи, со што ќе се овозможи поголема афирмација на сите земји од регионот на ниво на ЕУ.

Состојбата со слободниот софтвер во образовниот систем на Македонија, особено воведувањето на системи со „дуал бут“ (два оперативни системи на еден компјутер) преку проектите за е-Училиштa и Концептуална стратегија за примена на слободниот софтвер во образованието ги претстави г. Драган Николовски од Секторот за информатика при Министерството за образование и наука. Користејќи ја можноста за дискусија, од публиката се јави г. Александар Балаловски од Лугола од Битола кој укажа на проблемот на пребришување на партициите со Линукс на училишните компјутери, како и неприфаќањето на училиштата на иницијативата на Лугола преку која членови на заедницата на слободен софтвер би им помогнале повторно да го инсталираат слободниот софтвер.

Во презентацијата на тема „Потреба од применета политика за слободен софтвер во Македонија“ Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис укажа на потребата за создавање унифицирана визија за информатичкиот развој, која преточена во документ за применета политика ќе обезбеди насоки за надградба на законската рамка како средство за поттикнување на поголема ефикасност, транспарентност и отчетност

На настанот беа одржани и претставувања на фирми и организации кои се занимаваат со развој и промоција на слободен софтвер во Македонија и регионот на Југоисточна Европа: Сеавус, Ред Хет, Новел, Слободен софтвер Македонија и МЕСА.

На пост-конференциската работилница беше презентирана апликацијата наменета за локалните самоуправи, составена од 4 дела и тоа: веб-сајтови за општините, управување со работни процедури и документација, е-совет (електронски седници на општински совети) и веб-портал за меѓуопштинска соработка. Апликацијата е базирана на слободен софтвер, а е изработена од Сеавус.

(4127 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]