Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Центарот за нови медиуми организира „МК Блог конференција“ која ќе се одржи на 26-ти мај (сабота) во просториите на културниот центар „Точка“ со почеток во 11:45 часот. На овој еднодневен настан ќе се дискутира на следниве теми:
Блогосфера - подем на мрежното општество.
Блогови и медиуми,
Алатки, сервиси, техники и трикови
Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на веб-сајтот на Центарот за нови медиуми .