Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Флеш вести arrow Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс
Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс Испечати Е-пошта
28.05.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
cc

Македонија ќе се приклучи на светското движење во поддржувањето на слободната култура преку промоција на лиценците Криејтив комонс локализирани на македонски јазик.

На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците. Специјален гостин на настанот ќе биде Јоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс.

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да присуствувате на овој настан кој претставува огромен исчекор во македонската култура и промоција на креативните авторски содржини.

Повеќе >>> 

Агенда

Официјално претставување

Криејтив комонс Македонија

 Сала Милениум, хотел Холидеј Ин - Скопје

19 јуни 2007 г. 

18:00 - 18:10

Поздравно обраќање

г. Николче Мицкоски, Фондација Метаморфозис 

18:10 - 18:20

Авторското право и интелектуалната сопственост во Македонија

г-а Неда Здравева, Центар за образование за интелектуална сопственост

 18:20-18:30

Искуствата со Криејтив комонс во Бугарија

г-а Деси Пефева, Интернет општество Бугарија 

18:30 - 19:30

г. Јоичи Ито

Претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс 

19:30 - 20:00

Дискусија 

20:00 - 20:30

Коктел 

21:00 - 23:00

Културен клуб Точка

Концерт на ди-џеј Душко Јаневски 


(5400 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]