Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Дефинирање на глобалната политика на Европската комисија во борбата против компјутерскиот криминал
Дефинирање на глобалната политика на Европската комисија во борбата против компјутерскиот криминал
Европската комисија го донесе извештајот „Кон генерална политика за борба против компјутерскиот криминал“. Специфичните акции насочени кон подобрување на координацијата и соработката меѓу полициите и полициите и приватните оператори ќе имаат важна улога во борбата против компјутерскиот криминал, и ќе бидат дополнување на другите акции преземени на национално, европско и меѓународно ниво.
Европската комисија е идеално поставена да ја координира оваа политика во тесна соработка со земјите-членки и други меѓународни организации. Главните краткорочни цели се:
Да се подобри и олесни координацијата и соработката меѓу единиците за компјутерски криминал, други релевантни тела и други експерти од Европската унија;
Да се развие кохерентна рамка за европска политика за борбата против компјутерскиот криминал;
Да се подигне свеста за трошоците и опасностите што ги носи компјутерскиот криминал.