Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Слободен софтвер Македонија организираше инсталационен фестивал на кој можеше бесплатно да се инсталира оперативниот систем GNU/Linux на компјутерите на заинтересираните граѓани.
Слободен софтвер Македонија, на 15.05 и 16.05 (11:00 до 20:00) во Малата сала на Градското собрание - Скопје, организираше инсталационен фестивал на кој можеше, со помош на искусни корисници, бесплатно да се инсталира оперативниот систем GNU/Linux на компјутерите на заинтересираните граѓани.
Целта на оваа акција беше популаризација на овој оперативен систем кај компјутерските корисници во Македонија и промоција на Слободниот Софтвер како алтернатива наспроти неслободниот софтвер. На Install Fest-от беше инсталиран легален софтвер.
Слободниот софтвер од UNESCO е прогласен за „јавно добро“ и e вклучен во стратегијата за информатички развој на EU.