Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Отворени два нови дигитални клуба во општина Чашка
Отворени два нови дигитални клуба во општина Чашка Испечати Е-пошта
30.05.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
chashka3На 23 мај 2007 во Општина Чашка во рамките на проектот дигитални клубови беа отворени два нови дигитални клуба: едниот во населбата Чашка, а другиот во селото Мелница, 10 километри западно од Чашка.

Со овие два клуба ќе раководи здружението на граѓани „Галеби“ во соработка со општината Чашка која го поддржува овој проект и Фондацијата Метаморфозис, а во нив ќе се одвиваат обуки за работа со компјутери (основни компјутерски курсеви), ќе се користи интернет, ќе се играат компјутерски игри, ќе може да се печатат или скенираат документи и фотографии, итн. За отворање на овие клубови Фондацијата Метаморфозис додели вкупно 11 компјутери, два скенера и два печатачи. 

Целта на проектот дигитални клубови е премостување на дигиталниот јаз, особено помеѓу руралните и урбаните средини, преку овозможување едукација и пристап до информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) на сите жители на руралните средини во кои дотогаш не постоеле места каде населението можело да дојде во допир со ИКТ.

(4071 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]