Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Активиран првиот општински образовен портал
Активиран првиот општински образовен портал Испечати Е-пошта
30.05.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Велес стана првата општина во Македонија која на сите поединци вклучени во образовниот процес им овозможи интегрирана комуникација преку Општински образовен портал.

Општина Велес го создаде порталот со поддршка од партнерите локалната канцеларија на Microsoft во Македонија, Фондацијата „Институт отворено општество Македонија“, локалниот кабелски оператор „Спринт“ и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП преку Македонската асоцијација за електронско општество - МЕСА.  Основна функција на општинскиот образовен портал е преку користење на предностите на информатичко-комуникациската технологија да ги интегрира  општината, училиштата, наставниот кадар, учениците и нивните родители.

Целта што треба да ја постигне порталот е креативен и иновативен пристап што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на наставата, зајакнување на образовните стандарди, активно учество на учениците во процесот на надоградување на знаењата и збогатување на проектните и вонучилишните активности. На родителите светот на информатичката технологија ќе им овозможи континуирано да го следат успехот и редовноста на своето дете. Првиот општински образовен портал го активираа најуспешните ученици на промотивниот натпревар по информатика што се одржа во ООУ „Блаже Конески“. Порталот беше пуштен во употреба во рамките на свечената академија што се одржа по повод одбележувањето на денот на просветните работници 24 Мај  и 150 годишнината од постоењето на ООУ „Св Кирил и Методиј.

Image Image 

„Првиот општински образовен портал е гордост  за Велес и за Македонија. Тој е огромен чекор напред во напорите информатичката технологија да се доближи до младите генерации, нивните родители и наставниците“, рече градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски во рамките на своето обраќање на свеченоста. Воедно тој упати јавна благодарност до сите партнери вклучени во проектот.

Image Image

По повод активирањето на првиот општински образовен портал, преку конференциска врска на присутните им се обрати Иво Ивановски, Министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за информатичката технологија. Тој го поздрави овој „чекор напред“ во имплементацијата на информатичкото општество потенцирајќи дека и Владата е ориентирана кон примената на информатичко-комуникациската технологија како приоритет особено во областа на образованието.

До порталот може да се пристапи преку официјалната страница на Општина Велес или на адреса www.veles.edu.mk.

Преземено од сајтот на Оштина Велес - www.veles.gov.mk. 


(4019 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]