|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Интернет пенетрацијата во Македонија е 32% и расте, според истражувањето на УСАИД
|
|
|
|
Интернет пенетрацијата во Македонија е 32% и расте, според истражувањето на УСАИД |
|
|
|
26.06.2007. |
|
На 18 јуни 2007 г. во Скопје беа промовирани резултатите од истражувањето Употреба на интернетот и компјутерите во Македонија, во организација на проектот на УСАИД Македонија се поврзува. Истражувањето е спроведено од СММРИ и според него, бројот на корисници на интернет во текот на изминатата година пораснал за 5%, а степенот на интернет пенетрација во Македонија е 32%.
Промоцијата започна со воведното обраќање на г. Љупчо Тагасовски, директор на проектот Македонија се поврзува, кој говореше за тоа дека споредбено резултатите од оваа година во однос на оние од истражувањето од минатата, покажуваат дека Македонија се движи по нагорна линија што се однесува до имплементирањето на информатичкото општество.
Директорот на образовни проекти во УСАИД, г. Ли Двејн рече дека технологијата не е луксуз туку потреба и дека интернетот е најбитната инфраструктура неопходна за напредокот на една земја. Тој истакна дека многу проекти на УСАИД имаат ИТ компонента и дека во голема мера придонесуваат кон напредокот на македонското општество во насока на модерно информатичко општество.
Министерот задолжен за информатичкото општество, г. Иво Ивановски зборуваше за планираните активности на Владата насочени кон развој на информатичкото општество во РМ. Тој рече дека Владата и понатаму ќе работи на зголемување на конкурентноста, квалитетот и намалување на цените на телекомуникациските услуги во земјава. Еден од приоритетите на Владата е да развие телекомуникациска инфраструктура и дека наскоро ќе бидат доделени 20 лиценци за вај-макс, и тоа 2 на национално и 18 на регионално ниво. Според министерот, бесплатните обуки за компјутери за населението се веќе во тек, а во следните шест месеци ќе биде овозможен и бесплатен интернет пристап преку дајал-ап за граѓаните, а преку проектот „Светот на дланка“ ќе бидат отворени бесплатни интернет-кафулиња за студентите и пензионерите.
На крајот, г. Александар Билбилов од Македонија се поврзува ги презентираше накусо најбитните резултати од истражувањето. Тој нагласи дека намалувањето на цените на пристап за интернет го сметаат за директна последица на нивните напори. Освен порастот од 5% во текот на минатата година, тој укажа дека истражувањето покажува на намалување на дигиталниот јаз меѓу Скопје и другите региони.
Презентирајќи ги резултатите, Билбилов истакна дека само 17% од домаќинствата во Македонија имаат пристап до интернет што ја става Македонија на предпоследното место меѓу земјите во регионов. Веднаш зад нас е само Албанија со 14%, додека само за споредба – во Словенија 59% од домаќинствата имаат интернет.
Во исто време, 66% од корисниците на интернет во Македонија интернетот го користат од дома, 29% во интернет клубови, 25% на училиште/факултет, 23% на работа и 9% кај пријатели.
Во 2007 година, вкупно 47% од населението во РМ користело компјутер, додека 32% од населението користеле интернет што споредено со ланската година (кога 43% од населението користело компјутери, а 27% интернет) представува благ пораст.
Целокупните резултати од истражувањето можат да се најдат на веб-сајтот на Македонија се поврзува во ПДФ-формат.
Ана Трповска
(4178 hits/посети) |
|