Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Активности arrow Конкурс за изработка на слободен софтвер за Речник на компјутерски термини
Конкурс за изработка на слободен софтвер за Речник на компјутерски термини Испечати Е-пошта
3.07.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Недостатокот на стандардизирана македонска информатичка терминологија се појавува како пречка во комуникациите при напорите за изградба на информатичко општество. За нејзино надминување Фондацијата Метаморфозис организира создавање веб-апликација за Речник преку која сите заинтересирани страни ќе може да го применат стручното искуство за унифицирање  на терминологијата и ширење на собраните знаењата.

 

Дополнителна вредност на оваа апликација е да може да се користи за создавање речници од други области, како и за други јазици. Објавувањето како слободен софтвер ќе овозможи и поширока промоција и афирмација на Македонија во светот.

На овој тендер се поттикнува учество од ентитети (фирми, организации, институции) кои имаат работно искуство во областа на развојот на слободен софтвер, соодветни референци, како и следните капацитети и квалификации:

  • Минимум од 2 програмери вработени со цело работно време.
  • Минимум 2 вработени/членови на развојниот тим со информатичко универзитетско образование.
  • Минимум 2 вработени/членови на развојниот тим со минимум 3 години искуство во развој на веб-апликации со бази на податоци.


Предност ќе имаат добавувачи кои:

  • Имаат успешно реализирано проекти од областа на слободниот софтвер
  • Имаат меѓународно искуство.


При пријавувањето на тендерот, потенцијалните добавувачи треба да поднесат

  • Пријава со детален план за работа и буџет
  • Портфолио на ентитетот со референци
  • Работни биографии (CV-a) на сите членови на тимот задолжен за проектот

Тендерската документација со техничките спецификации е достапна за симнување во следните формати

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20 јули 2007 г. во 16:00 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 


(2751 hits/посети)
  Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]