|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Македонија: 88% од кандидатите за државни службеници се пријавуваат преку интернет
|
|
|
|
Македонија: 88% од кандидатите за државни службеници се пријавуваат преку интернет |
|
|
|
19.07.2007. |
Во текот на мај и јуни 2007 година, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување за веб-сајтот Пријава преку интернет на Агенцијата за државни службеници. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето и искуството на кандидатите за работни места на државни службеници за апликацијата која овозможува пријавување на конкурсите преку интернет.
Со телефонската анкета беа опфатени 108 испитаници-апликанти за работа како државни службеници од територија на цела Македонија. Испитаниците беа бирани случајно од списоците на кандидати кои аплицирале за работа во Агенцијата за државни службеници на РМ.
Резултатите покажаа дека 50% од испитаниците за работното место државен службеник дознале преку редовно проверување на веб-сајтот на Агенцијата, додека дури 88% од испитаната популација ја искористила можноста да се пријави преку интернет.
Извештајот и главните наоди од истражувањето се објавени на веб-сајтот на Метаморфозис на македонски и англиски јазик. Преземања: (4335 hits/посети) |
|