|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Најава: Работилница за е-владеење на Пактот за стабилност
|
|
|
|
Најава: Работилница за е-владеење на Пактот за стабилност |
|
|
|
25.09.2007. |
|
На 25-ти и 26-ти септември, 2007 г., во Скопје ќе се одржи работилница за е-владеење на Иницијативата еСЕЕ на Пактот за стабилност. Со оваа работилница ќе се обезбеди место за соработка каде високите претставници за е-владеење од Иницијативата еСЕЕ ќе можат да вршат активна размена на знаења и искуства со официјалните претставници од регионот, владите со напредни програми за е-владеење, како и со клучни заинтересирани страни од Центарот за е-владеење.
Во оваа работилница ќе учествуваат високи претставници на тимовите за е-владеење од учесниците во еСЕЕ, предводени од соодветни „Менаџери на ИКТ сектори”, како и високи раководни лица од канцелариите на Премиерот, министерствата за информатичко општество или внатрешни работи (е-владеење или е-демократија); образование (е-образование), финансии (е-набавки или е-царина), и економија (е-трговија, е-бизнис, или е-царина). Дополнително, меѓу учесниците ќе бидат и соодветните е-пратеници од Иницијативата еСЕЕ на Пактот за стабилност и работната група бСЕЕ, како и претседавачите. Во текот на работилницата сите е-тимови ќе треба да се осврнат на: • најважните услови за е-владеење во нивниот регион • актуелната состојба на ова прашање во секоја од земјите • идните можности за секоја од земјите и регионот • програми или донатори кои работат во конкретната област • следните чекори
(3624 hits/посети) |
|