|
До 2009 год., руски оперативен систем ќе биде инсталиран на секој училиштен компјутер во Русија. Покрај тоа, секој ученик ќе добие можност да работи со применетиот софтвер произведен во Русија, изјави на конференција за печат рускиот в.д. министер за комуникации - Леонид Рајман (Leonid Reiman).
Според г. Рајман, тоа може значително да ја намали потребата од странски софтвер на Русија. „Во текот на 2008 год., рускиот софтвер ќе биде тестиран во три пилот региони, додека до 2009 год. домашниот софтвер ќе биде инсталиран на секој училиштен компјутер“, - вели Леонид Рајман. Министерството за комуникации планира да инсталира руски оперативен систем и алтернативен програмски пакет во секое руско училиште. Датумите за спроведување на тендерите за оперативниот систем се уште не се објавени, но тие треба да се одржат наскоро, информира Министерството за комуникации. Во Јули, 2007 год., Дмитри Медведев, вицепремиерот на Владата на Руската Федерација ја одобри иницијативата на Министерството за комуникации за создавање на домашен софтверски пакет за образовните институции, базиран на слободен софтвер. Руските произведувачи на софтвер за ОС Линукс веќе се здружија за да можат заеднички да учествуваат на тендерите за обезбедување на слободен софтвер во училиштата. Главната цел на оваа иницијатива е да се намали зависноста од странски комерцијален софтвер и да им се пружи можност на образовните институции да изберат дали ќе платат за комерцијален софтвер или ќе го користат софтверот кој го обезбедува Владата.
Повеќе>>> (3447 hits/посети) |