|
Сер Стивен Седли неодамна предложи зголемување на ДНК базата на податоци во Велика Британија за да се опфати целото население и дури посетителите кои престојуваат само една недела во Велика Британија, објаснувајќи дека треба да се создаде фер систем и да се отстрани етничката нерамнотежа во тековната база на податоци. Но една постапка покрената од страна на двајца Англичани пред Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) би можела да промени многу во начинот на кој ќе функционира базата на податоци.
ДНК базата на податоци на Велика Британија е меѓу најголемите во светот во која се опфатени податоци за секој што извршил кривично дело, полесно или тешко, виновен или не. Според Седли, базата на податоци е насочена против етничките малцинства. “Тоа значи дека таму каде што има профилирање на припадниците на етничките малцинства, се внесува несразмерен број на припадници на етнички малцинства во базата на податоци. Тоа исто така значи дека многу луѓе кои шетаат по улиците и чија што ДНК би ги открила како криминалци, се на слобода.” Премиерот се спротивстави на предлогот бидејќи тој смета дека со тоа би се покренале прашања за граѓанските слободи, како и сложени логистички прашања. Шами Чакрабарти, директор на организацијата за човекови права Либерти (Liberty), исто така изјави дека базата на податоци во која би биле вклучени сите лица во државата е “застрашувачки предлог, кој е како создаден за појава на недостоинство, грешки и злоупотреби”. Тековната ДНК - база на податоци на Велика Британија веќе покренува прашања во врска со начинот на кој податоците на луѓето се внесени во неа. Дејвид Дејвис - иследникот на министерот за внатрешни работи, го смета системот за неоснован и чуден. Најмногу загрижува фактот што податоците на луѓето за кои се докажало дека се невини не можат да се отстранат од базата на податоци. Токму тоа беше причината за покренување постапка пред ЕЦХР, со што може да се промени целата ситуација. Случајот го покрена Мајкл Марпер заедно со еден малолетник под псевдонимот “С”, двајцата уапсени во 2001; првиот со обвинение за вознемирување, а вториот за обид за кражба. Двајцата беа ослободени без криминални досиеја. Во 2002 г., тие побараа нивните податоци да бидат отстранети од базата на податоци на Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, но Апелациониот суд досуди против. Сер Стивен Седли беше еден од судиите на Апелациониот суд кои работеа на случајот, и тој предложи “универзална ДНК база на податоци” дури и во таа пресуда. Г-дин Марпер и малолетникот образложија дека чувањето на нивните отпечатоци и примероци од ДНК претставува кршење на нивните права на приватност според Член 8 од Европската конвенција за човекови права. Тие се најмногу загрижени поради можноста за идна злоупотреба на нивните податоци. Се чини дека ситуацијата сега е во надлежност на ЕЦХР. Доколку ЕЦХР пресуди против Британската влада, не само што ќе се одбие предлогот на апелациониот судија за зголемување на ДНК базата на податоци, туку тоа исто така ќе доведе до уништување на примероците од ДНК и отпечатоците на луѓето кои биле прогласени за невини. Судиите во Стразбур го сметаат случајот за важен бидејќи го проследија до Големиот судски совет, поради тоа што предизвикува сериозен проблем кој влијае на толкувањето на Европската конвенција за човекови права. “Оваа одлука на ЕЦХР ни влева голема надеж дека овие случаи конечно ќе доведат до голема промена во законот – обезбедувајќи им заштита на оние лица кои биле ослободени од обвиненија за кривични дела со тоа што ќе се отстранат нивните отпечатоци и примероци од ДНК, со што се доведуваат на исто рамниште со лицата кои претходно не биле обвинети за кривично дело (...) Сметаме дека ова ќе биде еден од најважните предизвици од областа на човековите права со кој судот се соочил во последниве години” изјави Питер Мехај, експерт за граѓански слободи од адвокатската канцеларија Хауелс (Howells) со седиште во Шефилд, кој ги застапува Марпер и “С”.
Цела Велика Британија „мора да биде вклучена во ДНК база на податоци“ (5.09.2007) http://news.bbc.co.uk/1/hi/uk/6979138.stm (3708 hits/посети) |