|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести ЕДРИ Европската комисија ги испитува цените на Епл во Европа
|
|
|
|
Европската комисија ги испитува цените на Епл во Европа |
|
|
|
10.10.2007. |
Минатата недела, претставниците на Европската Комисија (ЕК) имаа затворен состанок со Епл (Apple) и четири други големи издавачки куќи, во врска со различните методи на одредување цени во земјите низ Европа.
Состанокот требаше да трае два дена, но двете издавачки куќи ЕМИ груп и Ворнер мјузик груп одлучија дека не треба да се појават на усното сослушување, сметајќи дека ЕК „се уверила дека тие не се одговорни за начинот на кој Епл ја одредува цената на песните“. Поради тоа, состанокот со Еди Кју - потпретседателот на Епл за ајтјунс (iTunes) апликации и главниот адвокат Доналд Розенберг кој им се придружи на Јуниврсал мјузик и Сони Би-Ем-Џи се одржа во само еден ден.
Според извори на Ројтерс, за време на состанокот, претставник на Епл изјавил дека „во договорот на Епл со Јуниврсал нема ништо што го обврзува да работи со застапништва или да одредува повисока цена во земји како Велика Британија. Според Ројтерс, од Епл навеле дека носеле унилатерални одлуки, делумно поради тоа што работењето во Европа се покажало како покомплексно отколку во САД.“
Меѓутоа, Стив Џобс, кој беше присутен на промоцијата на ајфоун (iPhone) во Берлин, Германија, имаше помирувачки став во однос на оваа тема: „Мислиме дека цените треба да бидат исти. Според нас, секој жител на Европа треба да има можност да купува во која било продавница.“
Како што ЕДРИ-грам претходно извести, главната грижа на ЕК е што „потрошувачите може да купуваат музика само од онлајн продавницата на ајтјунс во земјата во која престојуваат. Со тоа, потрошувачите се ограничени во нивниот избор од каде да купуваат музика, а со тоа и во изборот на музика и по која цена ја купуваат истата. Во својот приговор, Комисијата наведува дека со овие спогодби се прекршуваат прописите од Меѓународната спогодба на ЕУ за забрана на рестриктивни бизнис практики (Член 81).“
Случајот не е поврзан со доминантната позиција на Епл на музичкиот онлајн пазар во ЕУ, неговите практики за управување со дигитални права или неговите проблеми со заклучување истражувани од здруженија на потрошувачи од цела Европа.
Случајот ќе биде упатен до Комесарот за конкуренција - Нели Крос, која ќе одлучи дали треба да се изрече казна до максимум 10 проценти од вкупниот промет на компанијата.
Епл и други издавачки куќи се соочуваат со Брисел во врска со дистрибуцијата на музика во ЕУ (18.09.2007)
Епл ги брани ајтјунс во Берлин и Брисел (19.09.2007)
(3487 hits/посети) |
|