| Кампања на ЕДРИ против Препораката на Советот на Европа која не ја поддржува слободата на изразување |
|
|
|
| 15.10.2007 |
|
На 10 Октомври, 2007г. Европски дигитални права (EDRI) објави соопштение со кое ја изрази својата сериозна загриженост околу усвојувањето од страна на Советот на Европа (СЕ) на нова Препорака за „унапредување на слободата на изразување и информирање во новата средина на информирање и комуницирање“. Со оглед на тоа што во моментот СЕ подготвува и други слични инструменти, ЕДРИ ги повикува невладините организации и групи од целиот свет да се регистрираат за поддршка на соопштението на ЕДРИ и да преземат натамошни иницијативи за да се избегне ризикот од поголема штета по слободата на изразување и информирање во Интернет светот. Препораката е подготвена од Групата на специјалисти за човекови права во информатичкото општество (MC-S-IS) при Советот на Европа. Препораката беше предложена и за нејзе беше дискутирано од страна на членовите на оваа група уште од Декември 2005. Првобитно таа беше наменета како средство за понатамошно разработување на принципите и упатствата за осигурување на почитувањето на човековите права и владеењето на правото во информатичкото општество“. На крајот, текстот беше претворен во збирка од „упатства за етичката улога и одговорности на клучните државни и недржавни играчи“, кои би требало да бидат промовирани со оваа Препорака на Советот на Европа. Финалната верзија потоа беше изменувана и дополнувана од страна на Управувачкиот комитет за медиуми и нови комуникациски сервиси (CDMC), под кој функционира MC-S-IS, и поднесена до Комитетот на министри. ЕДРИ учествуваше во дебатата во својство на независен невладин набљудувач на MC-S-IS групата, без право на глас. Сепак, некои од активностите на ЕДРИ, за време на состаноците или во вид на писмени коментари и предложени измени и дополнувања, беа земени во предвид во финалниот документ. Сметаме дека исходот од ова промовира нетранспарентно „себе-уредување“ и други квази-правни инструменти предизвикани од лични интереси и имплементирани преку технички механизми. Како резултат на тоа, стравуваме дека Препораката нема да успее да ја одржи почитта за слободата на изразување и информирање во онлајн светот. Препораката исто така предизвикува загриженост особено со нејзиниот втор дел (Вообичаени стандарди и стратегии за веродостојно информирање, создавање на флексибилни содржини и транспарентност во процесот на информирање“). Се наведува „доверливо информирање“ или содржини а тоа се разликува многу малку од „официјалното информирање“ од старите лоши времиња. Тоа е едвај компатибилно со промовирањето на слободата на изразување и информирање, што всушност е целта на овој документ. Дотолку повеќе, овој дел повикува на урамнотежување на слободата на изразување и комуницирање со правата на другите да се почитуваат нивните „вредности и чувствителности“. Бидејќи поимите „вредности и чувствителности“ варираат не само од едно време до друго и од едно место до друго, туку и меѓу разни групи од населението, ова е секако против општиот историјат на СЕ, и во секој случај оди далеку преку ограничувањата одредени во Член 10 став 2 од Европската конвенција за човекови права, како што многупати беше нагласено од Европскиот суд за човекови права. ЕДРИ ја смета оваа изјава за штетен и ретрограден чекор во однос на слободата на изразување и слободата на печатот. ЕДРИ е длабоко загрижен дека таквите инструменти ќе се користат за озаконување на суптилни средства за цензура, преку приватизирано цензурирање и мерки за заштита од таканаречените штетни содржини. ЕДРИ ќе продолжи да учествува во групата MC-S-IS како активен независен набљудувач, и ќе продолжи да ја подига свеста на јавноста за прашања поврзани со мандатот на групата. Со другите инструменти подготвени од страна на MC-S-IS групата, постои ризик трендот прикажан во оваа Препорака да се потврди. За да се избегне таков ризик, на ЕДРИ му треба вашата поддршка. Што може Вие да направите: - Регистрирајте се за поддршка на ова соопштение на ЕДРИ (НВОи и групи од земји кои не се членки на СЕ се добредојдени Историјат: - Препорака Rec(2007)11 на Советот на Европа за унапредување на слободата на изразување и информирање во новата средина на информирање и комуницирање (26.09.2007):
Европски дигитални права е меѓународна непрофитна асоцијација основана во Јуни 2002. Нејзините цели се одбрана и унапредување на човековите права во областа на информатичко комуникациската технологија. ЕДРИ активно се интересира за настаните поврзани со овие теми во сите 45 земји-членки на Советот на Европа. Во моментов, 28 организации за граѓанските и правата на приватност се членови на ЕДРИ. Тие имаат канцеларии во 17 земји низ Европа. Од Јануари 2003г., ЕДРИ го издава ЕДРИ-грам, двонеделен билтен за дигиталните граѓански права во Европа. За повеќе информации: www.edri.org |