Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Одржана петтата по ред Мајкрософт Визија
Одржана петтата по ред Мајкрософт Визија Испечати Е-пошта
16.10.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Петтата по ред конференција Мајкрософт Визија се одржа на 9 и 10 Октомври  во хотелот Александар Палас. Почетокот на конференцијата беше означен со спектакуларен настап на групата „Самбанса“ од Нови Сад. Како еден од најзначајните настани во IT индустријата, оваа година на „Визија“ присуствуваа над 600 учесници и повеќе од 30 странски и домашни предавачи.

Конференцијата помина во знакот на новите Мајкрософт производи кои треба наскоро да бидат лансирани. Беа претставени SQL 2008, Visual studio 2008, Windows Server 2008, како и интерфејсот на македонски јазик за Office 2007.

Директорот на Мајкрософт, Илијанчо Гаговски имаше своja презентација на „Визија“ при што ја истакната потребата од прилагодување на образовниот систем кон револуцијата на информатичката технологија:
„Сегашниот систем на образование не само кај нас, туку и во повеќето земји во светот е конципиран врз основа на придобивките на индустриската револуција. Информатичката револуција налага нов пристап во едукативниот процес. Се' помалку е важно како се уредуваат атомите, а се' поважно како се уредува битот. Се' помалку е важна инфраструктурата наспроти инфоструктурата. Моќта на компјутерите се удвојува на секои 18-24 месеци, што значи дека за десет години денешните капацитети ќе бидат зголемени за 128 пати. Ваквите промени, како и можностите што ги нуди Интернетот, кој знаењето го направи лесно достапно, доведоа до своевиден парадокс - знаењето само по себе да не е доволно за успех. Многу е поважно што ќе се направи со знаењето и како да му се вдахне живот. Тука до израз доаѓа информатичката технологија.“

Како освежување на конференцијата беше претставувањето на пакетот Expression Studio, со кое Мајкрософт нуди комплетно решение за веб дизајнерите. Со новите апликации од Мајкрософт се овозможува креирање следна генерација интерактивни веб апликации. Претставувањето на Мајкрософт Silverlight го означи почетокот на конкурентската битка со Adobe Flash. Друга интересна новина од Мајкрософт е PopFly, веб страница на која на лесен и забавен начин се изработуваат веб страници, апликации, mashups и gadgets.

На конференцијата му беше доделено посебно признание на Марко Чолосан, кој со само 7 години поседува сертификат на Мајкрософт за инсталација и проблеми со ХП оперативен систем и десктоп апликации. По официјалното претставување пред македонската IT индустрија Марко доби пакет компјутерски книги и игри од директорот на Мајкрософт, Илијанчо Гаговски.
Иако проследена со неколку технички проблеми, на годинешната Визија успешно беа претставени најновите трендовите во технологијата.


(3527 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]