|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Отворен дигитален клуб во Прилеп
|
|
|
|
Отворен дигитален клуб во Прилеп |
|
|
|
17.10.2007. |
На 10 октомври во 18.30 часот, во рамките на проектот Дигитални клубови, во Прилепската градска библиотека свечено беше отворен дигитален клуб.
Клубот е лоциран во строгиот центар на градот, во градската библиотека „Борка Талески“ и представува воедно и електронска читална. Имено, во неа целокупниот фонд на книги, списанија и стручна литература што ги поседува библиотеката ќе бидат достапни по електронски пат. Во клубот има 6 компјутери кои работат на Ubuntu Linux 7.04, како и АДСЛ интернет врска, печатач и скенер, a градоначаникот на Прилеп, Марјан Ристески, на свечената промоција на клубот вети дека бројот на компјутери во клубот ќе се зголеми.
  Во тек е пријавувањето за бесплатна обука за користење на компјутери. Предвидено е со обуката да бидат опфатени оперативниот систем Ubuntu, канцеларискиот пакет Open Office и интернет прелистувачот Mozilla Firefox. Термините ќе бидат дополнително определени. Дигиталниот клуб е проект на фондацијата Метаморфозис, општина Прилеп, Фондацијата за информатички развој - ИТЦ Прилеп и градската библиотека.
http://prileponline.blogspot.com/2007/10/blog-post_1125.html http://kirildimeski.wordpress.com/2007/10/11/digitalenklub/ (3983 hits/посети) |
|