|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Изложба и промоција на Криејтив Комонс во Струмица
|
|
|
|
Изложба и промоција на Криејтив Комонс во Струмица |
|
|
|
18.10.2007. |
Со изложбата на четири млади уметници, на 16ти овој месец во Струмица, започна промотивната турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив Комонс. Настанот се оддржа во Центарот за култура Антон Панов во Струмица, а со по три дела учествуваа Столе Ангелов, Мери Доневска Костуранова, Милена Станишлевиќ и Ване Костуранов кој воедно беше и куратор на изложбата.
Лиценците Криејтив Комонс пред присутните беа презентирани од страна на Роберт Алаѓозовски од Контрапункт, кој го надополнија претставниците од фондацијата Метаморфозис - Ирина Шумадиева и Филип Нешкоски. Алаѓозовски не воведе во значењето на лиценците, придобивките од нивното користење, како и во видовите лицецнци под Криејтив Комонс. Шумадиева пак, покажа конкретна употреба на лиценците искористувајќи ги делата објавени на еден македонски фото блог како пример. 
Турнејата за промоција на Криејтив Комонс лиценците продолжува во текок на октомври и ноември со посета на уште неколку градови од републиката.
(3991 hits/посети) |
|