Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow АПЦ ги прогласи добитниците на Наградата за слободен софтвер - Крис Никол 2007
АПЦ ги прогласи добитниците на Наградата за слободен софтвер - Крис Никол 2007 Испечати Е-пошта
18.10.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Првата награда за слободен софтвер на АПЦ - востановена во 2006г. во чест на Крис Никол, долгогодишен поборник за бесплатен и слободен софтвер и активист на АПЦ ја поделија: „Фри гик“ (Free Geek) од САД и „НепаЛинукс“ (NepaLinux) од Непал. „Фри гик“ од Портланд, САД, е организација која рециклира половни компоненти за да им обезбеди компјутери, образование, интернет пристап и обука за стручно оспособување на луѓето на кои таа им е потребна и кои за возврат вршат општествено корисни работи. Кој било поединец може да придонесе со 24 часа волонтерска работа во склоп на „Програмата за прифаќање“ на Фри Гик за да добие бесплатен компјутер и кој било поединец што сака да научи како да склопува компјутери може да се вклучи во „Програмата за склопување“. На сите компјутери е инсталиран слободен софтвер.

„Фри гик“ ја подели наградата со проектот „НепаЛинукс“ на организацијата „Мадан пураскар пустакалаја“од Непал за дистрибуција на Дебиан и Морфикс базирани на ГНУ/Линукс и локализирани на Непалски јазик. Главниот придонес на проектот е во тоа што им се овозможува на луѓето кои не знаат англиски јазик да го користат и развиваат ГНУ/Линукс. Вториот по важност придонес е создавањето на општа свест за употребата на слободен софтвер во Непал наспроти користењето на пиратски и нелиценциран заштитен софтвер. Тимот на „НепаЛинукс“ е посветен на создавање на софтвер кој е полесен за користење и постабилен, со кој би им се излегло во пресрет на побарувањата на Непалците.  

Добитниците ќе ја поделат наградата од 4.000 долари.
Тие беа избрани од меѓународна комисија на експерти за слободен софтвер. Освен наградата за гореспоменатите добитници, комисијата одлучи да додели и почесно признание за аргентинскиот образовен проект Гледукар (Gleducar).

Наградата за слободен софтвер Крис Никол е отворена за секој поединец или група од целиот свет, кои поддржуваат или промовираат слободен софтвер прилагоден кон корисниците. Наградата ја финансира АПЦ.

Здружението за прогресивни комуникации (АПЦ) претставува меѓународна мрежа од граѓански организации посветени на еманципирање и поддржување на групи и поединци преку стратешкото користење на информатичко-комуникациската технологија, особено интернет технологијата.


(3352 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]