|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Флеш вести Месец на отвореното општество на ФИООМ
|
|
|
|
Месец на отвореното општество на ФИООМ |
|
|
|
2.11.2007. |
|
Месец на отвореното општество на ФИООМ
Годинава, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) одбележува 15 години од своето основање и работење. Својот јубилеј ФИООМ ќе го прослави работно, со организирање низа настани: дебати, промоции, изложби, конференција, во текот на „месецот на отвореното општество“, ноември 2007 година.
Фондацијата беше основана од Џорџ Сорос во септември 1992 година, како претставништво на странско правно лице, со мисија чија срцевина остана непроменета до денес – промовирање на концептот на отвореното општество во Македонија. Иако мисијата на ФИООМ еволуираше оттогаш, добивајќи поинакви формулации и прилагодувајќи се на духот на времето, нашата филозофија остана непроменета. Преку сите свои програми ФИООМ го промовира граѓанското општество и заедно со своите партнери и бројните невладини организации придонесува за внатрешна интеграција на Македонија како предуслов за интеграција во ЕУ. Од 1999 година, ФИООМ е регистрирана како домашно правно лице, според Законот за здруженија на граѓани и фондации. Честитки за годишнината од Фондација Метаморфозис. Програма на настани за 15-годишнината (.пдф 1,4 МБ)
(3046 hits/посети) |
|