Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Промоција на Криејтив комонс во Неготино
Промоција на Криејтив комонс во Неготино Испечати Е-пошта
5.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Промоцијата на лиценците Криејтив комонс продолжи со настанот во Неготино кој се случи во петокот, на 2-ри ноември, на кој воедно беа изложени делата на младиот уметник Методи Ангелов. Присутните имаа можност да погледнат голема палета на фотографии од овој уметник, после што следеше промоцијата на лиценците. И овој пат, воведот го презеде Роберт Алаѓозовски од Контрапункт, додека претставниците од Метаморфозис го заокружија настанот покажувајќи ја конкретната примена на лиценците во пракса.

По завршетокот на случувањето, присутните покажаа изненадувачки интерес за лиценците, кој го изразија преку собирање промотивен материјал, но и поставување конкретни прашања за примената на овој тип лиценци.

Промоцијата на Криејтив комонс во Неготино, беше втора од серијата настани кои започнаа со настанот во Струмица. Следна дестинација е Битола, која ќе ја посетиме кон средината на месецов.
(3787 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]