Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Повик за прибирање на предлог-проекти за изразување на граѓаните преку медиумите
Повик за прибирање на предлог-проекти за изразување на граѓаните преку медиумите Испечати Е-пошта
5.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Рајзинг војсес (Rising Voices) - „испружената рака" на Глобал војсес (Global Voices) моментално прифаќа предлог-проекти за вториот круг на финансирање со мали грантови во износ до 5.000 УСД за проектите за изразување на граѓаните преку медиумите.

Идеални апликанти ќе бидат оние кои ќе достават иновациски и детални предлог-проекти наменети за подучување на граѓански медиумски техники кај заедниците кои се во незавидна позиција за да ја откријат и искористат предноста на блогирањето, видео-блогирањето и поставувањето на аудио записи на Интернет.

Рајзинг војсес има за цел да го помогне промовирањето на нови гласови од нови заедници и говорењето на нови јазици на „конверзацискиот веб“, преку обезбедување на средства и финансирање на локални групи кои им пружаат рака на недоволно застапените заедници. Примери за потенцијални проекти:

  • Убедување на група графити-уметници да го пренесат својот медиум на изразување од ѕидовите на зградите на блогови, подкастови, и онлајн видеозаписи.
  • Пристапување на локална НВО со понуда за обучување на нејзините членови околу блогирањето и качувањето на видео записи со цел да се документира работата на невладината организација и заедницата во која живеат членовите.
  • Дистрибуција на дигитални фотоапарати на две различни групи од иста заедница и креирање на Фликр група каде што тие ќе можат да ги споредуваат фотографските перспективи на нивниот град.
  • Дистрибуирање на ем-пе-три рекордери на членовите на младинска група за да им се помогне да креираат месечни аудио документарци во кои постарите лица опишуваат на кој начин нивната заедница се променила во текот на изминатите декади.

Вториот круг на финансирање се разликува од првиот во еден важен сегмент. Имате можност да ја поднесете вашата апликација преку е-пошта како претходно или можете јавно да го поставите вашиот предлог-проект на вики (wiki) на Глобал војсес и да добиете повратни информации околу тоа како може да го подобрите. Јавните апликации може да се постават во секое време и може да се модифицираат онолку често колку што апликантот мисли дека е потребно, но сите апликации треба да се финализираат до 30-ти ноември.

Грантовите на Рајзинг војсес ќе се движат од 1.000 до 5.000 УСД. Одобрените предлог-проекти ќе бидат соодветно презентирани на веб-страницата на Глобал Војсес.

Доколку сакате да го поднесете вашиот предлог-проект приватно преку е-пошта, тоа можете да го направите со симнување на апликацијата и испраќање на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете до 30-ти ноември.
(3452 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]