|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Интернет преку кабелска е незаконско
|
|
|
|
Интернет преку кабелска е незаконско |
|
|
|
27.05.2004. |
|
Управата за телекомуникации вчера ги информираше кабелските оператори и корисници на услугите на кабелските радио - телевизиски мрежи, дека давањето на услугата Интернет преку кабелска РТВ - мрежа е активност спротивна на одредбите на Законот за телекомунокации.
„ Кабелските оператори преку своите мрежи можат да дистрибуираат единствено радио и ТВ-програми, што го прифатиле со потпишување на Договорот за концесија за дистрибуција на радио и телевизиски програми преку кабелска мрежа со Владата“, се наведува во соопштението.
Управата за телекомуникации вели дека презема мерки пропишани со Законот за телекомуникации против имателите на кабелски радио - телевизиски мрежи што преку својата мрежа даваат јавна телекомуникациска услуга Интернет.
(2667 hits/посети) |
|