|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Започнат проект за заштита на правата на децата на интернет
|
|
|
|
Започнат проект за заштита на правата на децата на интернет |
|
|
|
8.11.2007. |
Во текот на месец Октомври, 2007г., во просториите на ЕАР (Европска Агенција за Реконструкција) беа потпишани договорите за доделување грантови за реализирање на проекти од областа на човековите права.
Фондацијата Метаморфозис е една од седумте невладини организации чии предлог-проекти беа одобрени. Насловот на проектот на Метаморфозис е “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”; Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected (CRISP). На свеченоста беше речено дека во рамките на оваа програма за грантови од Европската унија биле одделени вкупно 240.000 евра.
Останатите организации чии проекти беа одобрени се: НВО Контрапункт, НВО Институт за демократија, НВО Центар за цивилни иницијативи, НВО Центар за градење мир – Гостивар, НВО Фондација Центар за информатички технологии и НВО Форум за правата на Ромите АРКА. Повеќе за проектот CRISP (3410 hits/посети) |
|