|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Идентификување на приоритетите за истражување во областа на ИКТ во земјите од Западен Балкан
|
|
|
|
Идентификување на приоритетите за истражување во областа на ИКТ во земјите од Западен Балкан |
|
|
|
12.11.2007. |
Отворените консултации за проектот SCORE се во тек во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и имаат за цел да ги дефинираат истражувачките приоритети во областа на ИКТ за секоја земја за периодот од 2007 до 2013 година.
Проектот SCORE, „Стратегиско зајакнување на соработката помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан на полето на истражувањата во ИКТ“, спроведува отворени консултации за да ги одреди истражувачките приоритети во областа на ИКТ за периодот од 2007 до 2013 година во следните земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.
Сите заинтересирани страни од областа на ИКТ кои се заинтересирани со свои мислења да придонесат во идентификувањето на истражувачките приоритети во ИКТ, коишто ќе се однесуваат на технолошки можности во областа на ИКТ и на тековни социо-економски потреби, се покануваат да учествуваат во процесот на консултирање преку посета на следната интернет-страница http://consultations.score-project.eu во периодот од 5 ноември до 10 декември 2007 година.
SCORE е проект финансиран од Европската комисија чија цел е да придонесе во оформувањето на политиката на Европската унија за истражување на ИКТ во регионот на Западниот Балкан, на начин на којшто ќе се земат предвид интересите и тековните потреби на регионалните стеикхолдери во ИКТ.
Главен придонес на проектот SCORE ќе биде развојот на четири приспособени агенди за стратегиски истражувања во областа на ИКТ за земјите учеснички во проектот, исто така и документ со политики на „Препораки за оформување на научната соработка помеѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан во областа на истражувањето во ИКТ: 2007 – 2013“ за Европската комисија.
Конкретно, стратегиските агенди за истражување во областа на ИКТ ќе ги дефинираат приоритетите за истражување во ИКТ во секоја земја по процесот на отворени консултации.
Во првата фаза на процесот на консултирање беа вклучени клучни локални експерти по ИКТ, кои посочија прецизни приоритети за истражување во ИКТ за нивната земја, заедно со соодветните цели и истражувачки области. Како резултат на тоа од проектниот тим се разви почетна Агенда за стратегиски истражувања во ИКТ за секоја земја одделно.
Отворените консултации се со цел да се добијат повратни информации од пошироката заедница на стеикхолдери во ИКТ за да се финализира Стратегиската агенда за истражување и да се создаде конкретна основа за развојот на документот со политики.
Преку одговарање на три едноставни прашања учесниците ќе можат лично да придонесат кон збогатување на приоритетите за истражување во ИКТ веќе дефинирани за секоја земја од Западен Балкан, и, исто така, идентификување на дополнителни истражувачки приоритети што тие ги сметаат за важни. Отворените консултации се достапни онлајн од 5 ноември до 10 декември 2007 година, на следната интернет-страница http://consultations.score-project.eu. И на крај, вредно е да се напомене дека проектот SCORE, исто така, има отворено информативен портал којшто за своите членови нуди можности за соработка. Преку регистрација на http://www.score-project.eu можете да имате пристап до информации, како на пример:
• Вести за истражувачки теми од областа на ИКТ од ЕУ и Западен Балкан, • Календар на најважни и соодветни настани, • Документи како извештаи по земји, студии, национални стратегии, документи со политики, анализи и слично, • Информации за други сродни проекти од областа на ИКТ, • Корисни линкови наведени по земји и ИКТ и истражувачки теми. Додека, следниве карактеристики ги поддржуваат можностите за соработка на членовите на порталот на SCORE:
• Онлајн директориум за ИКТ кој овозможува пребарување на профили и контакт со други организации и членови, • Интерактивна онлајн алатка за комуницирање која овозможува праќање на пораки, додавање и споделување на документи, и размена на идеи за идни проекти и најдобри практики.
(3205 hits/посети) |
|