Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Агенцијата за електронски комуникации распиша тендер за 3Г-телефонија
Агенцијата за електронски комуникации распиша тендер за 3Г-телефонија Испечати Е-пошта
14.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Агенцијата за електронски комуникации распиша тендер за доделување една фреквенција за 3Г (трета генерација) мобилна телефонија, која овозможува безжичен пристап до глобалната телекомуникациска инфраструктура, односно широк спектар на интегрирани услуги како што се говор, податоци, слики и видео.

Заинтересираните компании во понудите ќе треба да достават малопродажни цени за граѓаните и големопродажни цени за другите мобилни и фиксни оператори и интернет провајдери што ќе сакаат да нудат 3Г.

Минималниот еднократен надоместок за користење на радиофреквенцијата што го утврдија Владата и Агенцијата изнесува 10 милиони евра. 
Поднесувањето на понудите е 60 дена од објавувањето на тендерот, а јавното отворање ќе се случи на 11 јануари 2008 година.
На јавниот повик за заинтересирани за 3Г што во август го распиша Агенцијата се јавија три или четири домашни и странски компании.

Светлана Блажевска
Извор: Вечер


(3527 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]