|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Метаморфозис на шестото издание на Саемот за невладини организации
|
|
|
|
Метаморфозис на шестото издание на Саемот за невладини организации |
|
|
|
16.11.2007. |
На 16-ти и 17-ти ноември, 2007, се одржа шестиот Саем на невладини организации, насловен „Форум на граѓанското општество“.
Главната тема на саемот беше „Еднакви можности за сите“. Граѓанските организации имаа прилика да се соберат на едно место и да разменуваат искуства, идеи, предлози и идни планови во вид на отворени јавни дебати. Исто така, невладините организации со своите штандови им беа на располагање на посетителите заинтересирани за нивната дејност.
На саемот свое учество зема и Фондацијата Метаморфозис со поставување на компјутери со слободен интернет пристап кои беа достапни за сите посетители на саемот. Таканареченото Интернет катче беше збогатено со промотивниот материјал на Метаморфозис.

Оваа година, како и претходните три, манифестацијата се одржа на Скопскиот саем. Целото случување е во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). (3230 hits/посети) |
|