Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Телекомот го скрои ценовникот за први Јули: Двојно поскапо „ало“
Телекомот го скрои ценовникот за први Јули: Двојно поскапо „ало“ Испечати Е-пошта
30.05.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Новите цени ќе му донесат екстра приход од 22 милиони евра на телекомот, но тоа немало да го погоди стандардот на граѓаните.

Од 1 јули разговорите по фиксен телефон подолги од една минута и 20 секунди ќе чинат најмалку двојно поскапо. Во телекомот очекуваат 22 милиони евра приход од поскапувањето, но тврдат дека тоа нема да го погоди стандардот на граѓаните.

Бордот на директори на Македонски телекомуникации одлучи тарифирањето на телефонските разговори од јули да се врши на секои 20 секунди, а не како што беше досега на три минути. Ако сега за триминутен разговор се плаќа 1,38 денари, со новата цена ќе се плаќаат 2,97 денари. Поевтинуваат само разговорите кои се пократки од една минута и 20 секунди. Сега за разговор од 20 секунди се плаќа 1,38 денари, а според новата цена 0,33 денари.

Цената на телефонскиот импулс изнесува 0,33 денари, а тој трае 20 секунди. Новиот тарифен модел предвидува повеќекратно поскапување за подолги разговори по фиксен телефон. Ако разговорот трае шест минути ќе плаќате 5,94 денари, наместо сегашните 2,76. Разговор од 12 минути ќе чини 11,80, наместо сегашните 5,52 денари. Ова најмногу ќе ги погоди фирмите, корисниците на Интернет, како и граѓаните кои практикуваат подолги телефонски разговори.

Во Телекомот пресметале дека новата тарифна политика нема многу да го влоши животниот стандард на граѓаните бидејќи речиси две третини од граѓаните и досега ги сведувале разговорите на траење од околу една минута. И покрај тоа, новото зголемување на цените ќе и донесе екстра приход на компанијата од осум отсто, односно повеќе од 22 милиони евра.

Новата ценовна политика беше изгласана на седницата на Бордот на директори во петокот.

С. Ј.


(3008 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]