Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Глобална недела на претприемништвото
Глобална недела на претприемништвото Испечати Е-пошта
20.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Македонија преку Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ), е една од земјите учеснички на првата Глобална недела на претприемништвото.


Македонија е една од 37-те земји од целиот свет, која ќе земе учество во првата глобална прослава на претприемничкиот дух во ноември 2008.

Претставници од ПСМ Фондацијата заедно со уште претставници од 37 земји учествуваа на 14 ноември во планирањето на овој настан во Лондон.

Глобалната недела  на претприемништвото (www.enterpriseweek.org)  е најголемиот и единствен настан од ваков вид кој што го промовира претприемништвото меѓу младите луѓе.  Од  17-23ти ноември  2008 година, милиони луѓе ќе земат учество во настани организирани од илјадници организации, во стотици градови низ светот.  Целта на овој настан е да се создадат нова генерација на претприемачи, преку инспирирање на луѓето со активности во училниците, работните места и на интернет.
 
Оваа инцијатива привлече поддршка од широк спектар на светски лидери и претприемачи:

„Претприемничката недела е голем успех во Велика Британија- преку 5000 различни настани ќе земат учество оваа недела. Веќе другата година ќе се поврзат со корпорациски кампањи  низ целиот свет преку Глобалната недела на претприемништвото. Со ослободување на креативноста и идеите меѓу младите луѓе во целиот свет, може да создадеме успешни производи и бизниси на иднината” - Гордон Браун, Премиер на Белика Британија.

„Младите луѓе се инволвирани во претприемничкиот ризик секаде низ светот,преку нивната креативност,  умешности, енергија за започнување на бизнис и решавање на проблеми. Овој претприемнички дух – Јадрото на Глобалната недела на Петприемништвото - е непроценлив извор кој светот мора да го пронајде со цел да се искористат бенефициите од економскиот растеж  од страна на што е можно повеќе луѓе во светот” Карл Шрам, Претседател и ЦЕО на Кауфман фондацијата.

(2875 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]