Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Најава: Промотивна турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс - Велес
Најава: Промотивна турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс - Велес Испечати Е-пошта
21.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 22 ноември, 2007 г., со почеток во 19:30 во Салонот при Музеј на град Велес ќе се одржи третото претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс.

На настанот учество ќе земат:

•    писателот Алекса Букарски од Битола и
•    музичката група Али Баба од Велес

Музичката група од Велес, Али Баба, за првпат јавно ќе се претстави со своите нумери пред македонската јавност. Али Баба е бенд кој што за своја подлога ја зема ориенталната ромска музика со совршен редолслед на џез елементи, со цел да се долови музичката тајна од блискиот исток. Овие автори воедно и ги лиценцираа своите дела под лиценцата Криејтив комонс со што ги направија достапни за користење преку интернет.

Втор уметник кој ќе се претстави во Велес е Алекса Букарски (www.bukarski.com), познатиот млад македонски писател и блогер, кој својата прва книга „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ ја објавува и на интернет под лиценцата Криејтив комонс. Тој пред велешката публика ќе чита делови од својата проза.

За прозата на Букарски интересна согледба дава колегата блогер, поетот и новинарот Ивица Антески: „За секој кој литературата ја осознал само преку вредностите што се воспоставуваат во македонскиот традиционален образовен систем, оваа проза е скандал; за другите - откровение!”


(3551 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]