|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Владина субвенција за секој студент запишан во завршна година
|
|
|
|
Владина субвенција за секој студент запишан во завршна година |
|
|
|
13.11.2007. |
|
По 200 евра за компјутер Студентите со вредносниот купон ќе можат да купат компјутери во кој било продажен центар кој издава фискални сметки, но најдоцна до 15 декември годинава.
Сите студенти кои запишале завршна година на државните и приватните универзитети во Македонија од државата ќе добијат вредносен ваучер од по 200 евра за да си купат компјутер, соопшти вчера на прес-конференција премиерот Никола Груевски. Процедурата за добивање на помошта ќе биде едноставна. Ваучерите кои ќе ги подготви Министерството за финансии ќе се земаат од факултетите, а единствен доказ кој студентите ќе треба да го приложат за да потврдат дека се запишани во завршна година е индексот. Еднократната помош ќе биде утврдена со Предлог-законот кој владата итно го подготви и уште денес ќе биде испратен на гласање во Собранието. Со законот е утврдена изработка на 10.000 ваучери колку што, според Министерството за образование, има запишано студенти во завршната година од студирањето. Вкупната вредност на ваучерите за купување компјутери е 2 милиона евра, пари кои ќе се обезбедат од буџетот на државата. Студентите со вредносниот купон ќе можат да купат компјутери во кој било продажен центар кој издава фискални сметки, но најдоцна до 15 декември годинава. Дури ќе може и да доплаќаат над вредноста на ваучерот ако сакаат да си купат помодерен компјутер. "Дваесет и првиот век е век на дигитална писменост, Интернет и на глобална вмреженост. Не смееме да дозволиме зголемување на дигиталниот јаз меѓу Македонија и светските економии. Со овој закон продолжува визијата на Владата - 'Македонија земја на информатичари' ", рече вчера Груевски. Според премиерот, ако некои купони останат неискористени, тие ќе бидат поништени од комисии на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за финансии за да се спречи нивна злоупотреба. (И.С.) Извор: Вест (3332 hits/посети) |
|