|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести „Вип“ стартува со цена од 9,09 денари за минута
|
|
|
|
„Вип“ стартува со цена од 9,09 денари за минута |
|
|
|
13.11.2007. |
|
Со промотивна припејд-тарифа од 9,09 денари за минута разговор во целиот ден кон сите мобилни и фиксни мрежи денеска ќе го почне своето работење третиот мобилен оператор „Вип“ , кој е дел од групацијата „Мобилком Австрија“.
„Вип“ со сигнал ќе ја покрива целата територија на Македонија, за што потпишал договор за национален роаминг со „Т-Мобиле“ за користење на нивната мрежа. Сигналот на новиот мобилен оператор ќе биде достапен од денеска напладне, кога ќе бидат отворени шест центри „Вип“ и повеќе од 2.000 продажбени места во целата земја. Операторот со повикувачки број 077 ќе нуди бесплатна СИМ-картичка, односно корисникот ќе плаќа 200 денари за картичката, а ќе добие 200 денари кредит за разговор. Ваучерите за дополнување ќе се продаваат по 100, 300, 700 и 1.200 денари. Според најавите од „Вип“, постпејд-услугата треба да стартува до крајот на годинава.
- Понудената тарифа е за 51 отсто поевтина од просекот на другите оператори и дури за 71 отсто од најскапите припејд-понуди. Истражувањата на „Мобилком Австрија“ покажаа дека стапката на растеж на нови корисници од 12 отсто годишно во Македонија е меѓу најниските во Европа, а цената од 33 центи за минута разговор е меѓу најскапите - изјави Младен Пејковиќ, главен извршен директор на „Вип“.
Борис Немшиќ, главен извршен директор на „Телеком Австријаг“ и на „Мобилком Австрија“, се гордее што ги исполниле ветувањата кон македонските граѓани.
- Инвестиравме 10 милиони евра за дозволата и уште 50 милиони во мрежата, услугите, контакт-центарот и во продажбената мрежа. Веќе вработивме над 120 македонски експерти - рече тој. Извор: Дневник (3270 hits/посети) |
|