Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Активности arrow Резиме од работилницата „Инклузивна е-Власт во Македонија“ одржана на 23-ти ноември во Скопје
Резиме од работилницата „Инклузивна е-Власт во Македонија“ одржана на 23-ти ноември во Скопје Испечати Е-пошта
27.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Фондацијата Метаморфозис организираше работилница на тема „Инклузивна е-Власт во Македонија“, која се одржа во просториите на Стопанска комора во Скопје на 23 ноември 2007 година. На работилницата присуствуваа 25 претставници на владини институции и невладини организации, како и тричлена делегација од регионот Долна Нормандија во Франција - партнери на фондацијата Метаморфозис.

Цел на работилницата беше размената на искуства и информации за состојбата во однос на степенот на развој и инклузивност на владините услуги достапни преку интернет во РМ, како чекор во развојот на сеопфатен план за развој во оваа област во регионот, а во насока на интензивирање на процесите на европска интеграција и зголемување на ефикасноста на јавната администрација во служба на граѓаните.
Работилницата е дел од проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“, поддржан од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, а преку неа се остварува и синергија со активностите на проектот „Ви-го“ (We-Go), поддржан од Европската Унија.

Работилницата ја отвори г. Бардил Јашари - директор на фондацијата Метаморфозис. Воведни говори одржаа г-а Софче Јовановска, претседател на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации и г. Александар Угриноски од Комисијата за информатичка технологија при Владата на РМ.
Беше претставен проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“.
Следуваше претставување на истражувањето „Развој на сервисите за е-Власт во Македонија“  од м-р Дејан Спасов, Институт за информатика, Скопје и претставување на испитувањето на проектот We-Go за РМ (www.wego-project.eu)

Исто така, г. Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис ги претстави резултатите од ИКТ-компонентата на проектот „Проценка на потенцијалот за добро управување во РМ“ (www.gg.org.mk). Г. Виктор Манчев од и г-а Лидија Крстевска од НВО „Отворете ги прозорците“ одржаа презентација за пристапноста на владините е-сервиси за слепи лица и лица со оштетен вид.

На крајот, се одржа дискусија околу искуствата од развојот на инклузивна е-власт во РМ (претставниците на Владините тела и институции ги пренесоа своите искуства во форма на куси презентации во пауер поинт, во времетраење од 5 минути)

Резултатите од работилницата ќе бидат претставени на Третата меѓународна конференција е-Општество.Мк, (www.e-society.org.mk) која ќе се одржи во Скопје на 29 и 30 ноември 2007 година.


(3128 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]