Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Плаќање со ваучер во рокот, а подигање на компјутерот може и подоцна
Плаќање со ваучер во рокот, а подигање на компјутерот може и подоцна Испечати Е-пошта
27.11.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Плаќањето на компјутерите со ваучер студентите треба да го завршат до 15-ти декември, а испораката може да биде и подоцна од овој рок, велат од Владата.

Смирувачките пораки доаѓаат по стравувањата на дел од компјутерските фирми дека нема да успеат да одговорат на побарувачката до крајниот рок, поради што ваучерите ќе пропаднат.

Некои од компјутерските фирми се разочарани бидејќи одѕивот на студентите за купување со ваучер засега бил многу слаб, односно досега реализирале едвај дваесетина отсто. Дел од сопствениците се исплашени дека студентите ќе навалат неколку дена пред истекот на рокот, поради што нема да имаат доволно компјутери за сите заинтересирани. Други фирми, пак, тврдат дека акцијата се одвива според планираното и оти досега продале поголем број компјутери, особено лаптопи.

Во Владата велат дека се' уште немаат точна информација како оди продажбата.

„Очекуваме деновиве да ја добиеме таа информација. Важно е студентите да ја завршат паричната трансакција до крајниот рок, односно до 15 декември. Целата процедура ќе биде под контрола на Управата за јавни приходи и на Министерството за финансии“ - вели владиниот портпарол Ивица Боцевски.
Според Законот за издавањето вредносни бонови, компјутерските фирми треба да ги достават реализираните ваучери до Владата најдоцна до 22 декември, а краен рок за да ги наплатат е четири дена подоцна.

Со последните измени во Законот се предвидува вредносни бонови за купување компјутер да добијат сите студенти што до објавувањето на измените во „Службен весник“ запишале завршна година од студиите.

Извор: Дневник 


(3412 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]