|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Одржана работилница за инклузивна е-власт во Тирана
|
|
|
|
Одржана работилница за инклузивна е-власт во Тирана |
|
|
|
28.11.2007. |
|
На 26-ти ноември, 2007 г., во Тирана, Република Албанија, се одржа работилница во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-Власт во Западен Балкан“.
На работилницата учествуваа претставници од академскиот и невладиниот сектор, од министерствата и други владини институции, како и советникот за ИКТ на премиерот Сали Бериша, г. Пјерин Марку. Во текот на работилницата беа претставени проекти од областа на е-власт и воедно беа идентификувани потребите и пречките за развој на инклузивни е-услуги за граѓаните. На состанокот присуствуваа и претставници од Република Македонија (општина Струга, Универзитетот на ЈИЕ и фондацијата Метаморфозис). г. Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис го претстави проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“, како и состојбата во Република Македонија во однос на развојот на инклузивните е-услуги. (3187 hits/посети) |
|