|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Промоција на Криејтив комонс во Велес
|
|
|
|
Промоција на Криејтив комонс во Велес |
|
|
|
3.12.2007. |
|
Турнејата за промоција на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс продолжи во Велес на 22-ри ноември со промоција на книгата на блогерот Алекс Букарски “Луѓе на кои не им се отвара падобранот“, како и со настапот на бендот Али Баба.
Овој бенд за прв пат се претстави пред македонската јавност со својата музика која е мешавина на ориентална ромска музика и џез елементи. Како инспирација им послужи градот Велес и неговиот мистичен стар дел. Повеќе за нив може да видите тука. За книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот” Алекс Букарски ја доби наградата „Новите!” за најдобар прозен дебитантски ракопис. Букарски веќе две и пол години е еден од најинтересните и најпровокативните македонски блогери. Неговата книга може да ја симнете тука. Книгата е објавена под лиценцата Криејтив комонс. (2760 hits/посети) |
|