|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Отсечени од сите страни: Телеком го скина и Интернет
|
|
|
|
Отсечени од сите страни: Телеком го скина и Интернет |
|
|
|
31.05.2004. |
|
Со новиот тарифен систем ако корисниците досега за 60 минути на Интернет плаќале по околу 28 денари, сега за тие пари ќе имаат само 28 минути.
Со новите повисоки цени „Македонски телекомуникации“ ја отсече и последната слободна можност за граѓаните отворено да комуницираат со развиениот свет. Им го затвори прозорецот кон светот. Интернет услугата станува вистински луксуз. Во услови кога една четвртина од населението живее во беда и сиромаштија, веќе ретко кој ќе може да си дозволи да оди на Интернет и да го најде она што го интересира од тековните настани и достигнувања во светот.
Пресметките направени според новата цена на една минута покажуваат дека граѓаните кои често користат Интернет, по 1 јули може да очекуваат двојно зголемени телефонски сметки. Со новиот тарифен систем ако корисниците досега за 60 минути на Интернет плаќале по околу 28 денари, сега за тие пари ќе имаат само 28 минути.
Веќе е добро познато дека развојот на светската економија во голем дел зависи од развојот на комуникациските технологии, брзата размена на идеи и информации. Но Македонија одамна не е на тој колосек. Македонија, според развојот на Интернетот во Европа, се наоѓа на дното на листата со околу 4 отсто Интернет покриеност. По Македонија е само Албанија. Земјите со ваква ниска стапка во развиениот свет ги сметаат за неедуцирани нации.
А со новите цени може да станеме само уште понеедуцирана нација. Бидејќи токму младите се најпогодени од сите Интернет корисници во земјава. Младите многу потешко излегуваат надвор од земјава, зашто и да обезбедат пари за виза, се соочуваат со бавна и комплицирана процедура, зашто земјата домаќин мора да има гаранции дека патникот ќе се врати дома. Школувањето во странство, летните школи и курсевите се премногу скапи за македонскиот стандард, а најдобрата стручна литература во Македонија ретко стига на ред да се преведе.
Изминативе две години корисниците на Телеком строго контролираа колку што може поретко да разговараат по телефон поради високите цени на импулсот, намалувајќи го и времетраењето на користењето Интернет. Добрите познавачи на цените на Интернет услугите коментираат дека намерата на „Македонски телекомуникации“ со новите цени е да ја протурка најновата Интернет услуга АДСЛ - брз Интернет. Односно, корисниците не се интересираат за АДСЛ поради астрономските цени - околу 4 илјади денари чини приклучокот, а месечната пратплата речиси 3.000 денари. Според логиката во Телеком, оние семејства кои досега плаќале над 1.500 денари телефонска сметка, сега со новото покачување на Интернетот таа двојно ќе им се зголеми, па скапата АДСЛ услуга ќе им биде поевтино решение.
Т. Ј. (2711 hits/посети) |
|