Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Продолжен рокот за пријавување на конкурсот на Глобал војсес
Продолжен рокот за пријавување на конкурсот на Глобал војсес
Глобал војсес (Global Voices) извести дека конкурсот за предлог-проекти за вториот круг на финансирање со мали грантови во износ до 5.000 УСД за проектите за изразување на граѓаните преку медиумите е продолжен до 3 декември 2007.
Идеални апликанти ќе бидат оние кои ќе достават иновациски и детални предлог-проекти наменети за подучување на граѓански медиумски техники кај заедниците кои се во незавидна позиција за да ја откријат и искористат предноста на блогирањето, видео-блогирањето и поставувањето на аудио записи на Интернет.