Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Активности arrow Објавени две нови публикации од проектот Иницијатива за информациска сигурност
Објавени две нови публикации од проектот Иницијатива за информациска сигурност Испечати Е-пошта
3.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Овој месец, фондацијата Метаморфозис објави две изданија во рамките на проектот  “Иницијатива за информациска  сигурност“

Првата публикација е четвртото издание на ИКТ Водичот чија тема е Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме. Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите.

Втората публикација е книгата Насоки за информaциска сигурност од група автори. Како и Водичот книгата е достапна во електронска форма во форматот ПДФ и е објавен со користење на лиценца од Криејтив комонс.

Обете публикации се подготвени во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и деловното опкружување, како базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество.


(2914 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]