|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Најава: Промоција на Криејтив комонс во Тетово
|
|
|
|
Најава: Промоција на Криејтив комонс во Тетово |
|
|
|
3.12.2007. |
На 3-ти декември, со почеток во 19 часот во Мултимедиа Арт Центар „Лоја“ во Тетово, ќе се одржи промоција на дела од млади македонски уметници од повеќе медиуми, кои се согласни дел од своите дела да ги објават под лиценцата Криејтив Комонс и со тоа да ги направат достапни за користење преку Интернет.
Ќе бидат изложени дела од четворица фотографи и сликари од Струмица: Ване Косуранов, Мери Доневска-Костуранова, Милена Станишлевиќ и Столе Ангелов. Дел од оваа заедничка изложба ќе бидат и фотографиите и графичките решенија на Мето Ангелов, мултимедијален уметник од Неготино. Вечерта, Алекса Букарски, најпознатиот млад македонски писател и блогер ќе чита делови од својата проза. На настанот, со свои видео дела ќе се претстават младите македонски видео арт и филмски уметници. Борјан Зафировски ќе се претстави со делата “Портрет на младиот уметник во 21 век” и музичките спотови од серијалот “Змеј од хартија”, Саша Станишиќ со филмот “Златко легна и не сака да стане”, Дарјан Пејоски со “15 секунди”, Вардан Тозија со “Исклучок”, а Јане Алтипармаков со музички спотови за бендовите Мугер Фугер и Пиколомини. Филип Јовановски ќе го промовира најновиот музички спот направен за култниот битолски бенд Фолтин, “Хот деј ин Мехико”. Секако, настанот ќе биде заокружен со промоција на лиценците Криејтив Комонс. (3393 hits/посети) |
|