Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Европската комисија повикува на инклузивно дигитално општество
Европската комисија повикува на инклузивно дигитално општество Испечати Е-пошта
3.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Покрај технолошкиот развој и зголемената конкуренција, еден од тројца Европјани се сé уште исклучени од целосно ползување на дигиталното општество.

Доколку општеството е поинклузивно, веб-страниците попристапни а широкопојасниот интернет достапен на сите граѓани на ЕУ, би можеле да се генерираат дополнителни приходи од 35 до 85 милијарди евра во период од пет години.

Денес, Комисијата ја претставува својата иницијатива за е-инклузија пред Советот на Европа, со што ги повикува земјите-членки да поддржат одреден број клучни активности, меѓу кои и кампања за подигање на свеста во текот на 2008 г.: „е-инклузиja, бидете дел од неа!“. Исто така, се размислува и за законодавство за е-пристапност, слично на примерот од САД.

„Во денешното општество, пристапот до информации на сите граѓани е право и услов за просперитет. Не е ниту морално прифатливо ниту економски одржливо да се остави да заостанат милиони луѓе кои не се во можност да ги користат информатичката и комуникациската технологија во своја полза“, изјави Вивиен Рединг – Комесар за информатичко општество и медиуми на ЕУ. „Со денешната иницијатива, Комисијата ја зацврстува својата посветеност за надминување на дигиталната исклученост во Европа. Напредокот се одвива со само половина од потребната брзина. Комисијата денес испраќа јасен сигнал до сите засегнати страни: индустријата, регулаторите и владите мора да работат заедно за да се обезбеди информатичко општество за сите, без бариери.“

Според Комисијата, информатичката и комуникациската технологија мора да обезбедат слобода на избор и да бидат приспособени за употреба од сите без оглед на нивната лична или социјална состојба, со што би се намалиле социјалните разлики. Во една декларација подготвена во Рига во 2006 г. министрите на ЕУ се посветија на јасни цели, на пр., да се преполоват празнините во користењето на интернет и во дигиталната писменост, како и да се постигне 100% пристапност на јавните веб-страници до 2010 г.
Со постигнувањето на тие цели би се обезбедиле дополнителни приходи од 35 до 85 милијарди евра во наредните пет години.

Сепак, напредокот е сé уште нецелосен и бавен, и покрај таквите цели и многуте активности на властите, индустријата и граѓанското општество. Повеќето од целите од Рига нема да се постигнат навреме. Пристапноста на јавните веб-страници останува заглавена на 5 проценти. Само 10 проценти од луѓето на возраст над 64 години користат интернет додека просекот во Европа е 47 проценти. Без натамошни интервенции, празнината ќе биде преполовена во 2015 наместо во 2010 година.
Најновите проценки спроведени за потребите на Комисијата покажуваат дека пристапноста на веб-страниците, комуникациските терминали, ТВ приемниците и останатата информатичко-комуникациска технологија остануваат проблематични, со тоа што помалку образованите, економски неактивни и постари лица се соочуваат со ризикот да заостанат зад другите.

За да се одговори на предизвикот, Европската иницијатива за инклузивно општество поставува стратешка рамка со цел да:

Им се овозможи на сите да учествуваат во информатичкото општество преку премостување на јазот во поглед на пристапноста, широкопојасниот интернет и способноста.
Се забрза ефективното учество на оние кои се изложени на ризикот од исклученост, и подобрување на квалитетот на живеењето.
Се интегрираат активностите за е-инклузивност во Европа, со што целосно би се искористило нивното трајно влијание.

Во текот на 2008 г. Комисијата ќе ја подигне свеста со спроведување на акцијата „е-инклузија, бидете дел од неа!“. Таа ќе се заокружи со Конференцијата на министри кон крајот на годината, со цел да се прикаже вистинскиот напредок и да се зацврсти посветеноста на сите нивоа.

http://www.europa.eu/rapid/pressReleasesAction

http://ec.europa.eu/information_society/activities/einclusion/index_en.htm


(3168 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]