Македонски
Почетна ИКТ Вести ЕДРИ Поборниците за слободен софтвер ги критикуваат европските влади за фаворизирање на Мајкрософт

Поборниците за слободен софтвер ги критикуваат европските влади за фаворизирање на Мајкрософт PDF Печати Е-пошта
10.06.2009

Недамнешните планови на владите од неколку европски земји за купување на комерцијален софтвер за јавната администрација или образованието предизвикаа загриженост поради користените методи и недостигот на јавна дискусија при донесувањето на одлуките.

Осумнаесет компании за производство на софтвер со отворен код (вклучително и Red Hat) успеаја пред Сојузниот суд да го оспорат тригодишниот договор меѓу Швајцарското државно биро за градба и логистика (BBL) и Мајкрософт за набавка на Виндоуз десктоп компјутери и апликации, вклучувајќи поддршка и одржување. Целосната вредност на договорот беше пресметана на околу 27.8 милиони евра.

Прелиминарната пресуда на Сојузниот суд од 28 мај, 2009 г. се базираше на фактот дека BBL не ги земале предвид прописите за јавни набавки и не распишале тендер. Идната конечна и позитивна одлука на судот би значела дека договорот се поништува и дека ќе треба да се објави повик за прибирање на понуди.

Неколку дена пред Судот да ја донесе одлуката, уште еден сличен случај беше покренат од швајцарската група за застапување за слободен софтвер – ch/open. Тие ја презентираа тековната ситуација во кантонот Берн, каде што договор од 18 милиони евра беше директно доделен за софтверските лиценци на Мајкрософт, без јавен повик за прибирање на понуди.

Ch/open го критикуваше недостигот на транспарентност во зделката и ја образложи својата сегашна постапка: „Договорите се доделуваат на продавач на комерцијален софтвер без јавна процедура. Со тоа јавната администрација станува сè повеќе зависна од Мајкрософт, бидејќи не ù преостанува друга опција цели осум години“.

За зделката ќе се дебатира во парламентот на кантонот од страна на парламентарната група за дигитална одржливост која има за цел да ја зголеми употребата на софтвер со отворен код од страна на швајцарските државни органи.

Друг владин проект кој предизвика гласини беше и одлуката на шпанската влада да инсталира софтвер од Мајкрософт на 420.000 преносни компјутери за студентите. Откако шпанската социјалистичка партија ја поддржа идејата дека преносните компјутери треба да бидат опремени со софтвер со отворен код, претседателот на Мајкрософт Бил Гејтс и шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро се состанаа на 26 мај, 2009 г. за да донесат одлука за новиот софтвер за овој проект.

Проектот беше критикуван и порано годинава од страна на организациите за софтвер со отворен код како на пр. Hispalinux, која посочи дека не бил распишан јавен тендер за оваа набавка.

Слично на тоа, во друг дел на Европа, романската влада соопшти дека го овластила Министерството за комуникации да купи лиценци од Мајкрософт во вредност од 100 милиони евра, наменети за министерствата и владините агенции во периодот 2009-2012. Иако во соопштението за печат на владата се спомнува дека е можно тие лиценци да се набават преку наддавање, сепак содржи и јасен сигнал за тоа кој ќе биде победникот.

„Се чини дека романската влада не е во допир со реалноста“ беше строгиот коментар на Лучијан Савлук, организаторот на третата национална конференција за софтвер со отворен код - eLiberatica која се одржа во Букурешт во втората половина на мај, 2009 г.

Џорџ Грив, претседателот на Фондацијата слободен софтвер Европа и говорник на истиот настан, исто така даде коментар за ситуацијата: „Зделките на Мајкрософт во новите земји-членки на ЕУ предизвикуваа загриженост околу корупција и претходно, на пример во Бугарија. Но иако Мајкрософт е причина за такви сомнежи почесто од другите, сепак треба да се напомени дека проблемот со нелегалните набавки е поголем и не е ограничен само на Мајкрософт. Ниту пак проблемот е ограничен само на новите земји-членки на ЕУ, како што покажуваат скорешните нерегуларности и жалбата против монопол поднесена во Швајцарија. (...) Се чини иронично што Европската комисија треба постојано да го казнува Мајкрософт поради постојаната злоупотреба на монополот, а потоа да префрла дел од тие пари на Романија, која патем доби најголема финансиска поддршка што досега и била доделена на една земја-кандидат во историјата на Европската унија, а романската влада потоа одлучува да врати дел од тие пари на Мајкрософт во замена за речиси занемарлива придобивка за Романија“.

CH: Court scraps federal no-bid software licence deal (28.05.2009)
http://www.osor.eu/news/ch-court-scraps-federal-no-bid-software-licenc...

CH: Protests over no-bid software contract in Bern (28.05.2009)
http://www.osor.eu/news/ch-protests-over-no-bid-software-contract-in-b...

ES: Gates and Zapatero weigh in on debate over school laptops (29.05.2009)
http://www.osor.eu/news/es-gates-and-zapatero-weigh-in-on-debate-over-...

My official position - The Romanian government is about to spend millions of euro on proprietary software (27.05.2009)
http://www.cianblog.com/2009/05/27/my-official-position-the-romanian-g...


Извор: ЕДРИ-грам “Open source supporters criticize European govts for favouring MS" бр. 7.11, 3 јуни, 2009.
Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5