| Серија јавни трибини на тема информатичко општество |
|
|
|
| 30.11.2005 |
|
Фондацијата Метаморфозис, со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на проектот Национална стратегија за развој на информатичко општество организира серија на јавни трибини, со цел пренесување знаења за низа тековни теми од областа на информатичкото општество. Фондацијата Метаморфозис, со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на проектот Национална стратегија за развој на информатичко општество организира серија на јавни трибини, со цел пренесување знаења за низа тековни теми од областа на информатичкото општество.
Трибините се надоврзуваат и на конференцијата „иМакедонија за раст и развој, исто така“, одржана на 29.09.2005 г. на која беше промовирана Националната стратегија за развој на информатичко општество на РМ. Целта на трибините е да се зголеми граѓанското учество во процесот на спроведување и евалуација на Националната стратегија. За претставниците на граѓанските организации од другите градови кои се заинтересирани за учество во трибините ќе бидат покриени патните трошоци во висина на повратен автобуски билет. Заинтересираните за учество на трибините може да добијат повеќе информации преку е-пошта, на адресата
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
. |