Македонски

Лаици можат да станат веб-дизајнери PDF Печати Е-пошта
18.01.2006
Со помош на новиот македонски производ MyWebPortal Само со основни познавања од word и работа на интернет, сите заинтересирани сега можат да станат веб-дизајнери со помош на новиот македонски производ MyWebPortal, кој на досега наједноставен начин не „вози“ низ тајните на креирањето и ажурирањето на интернет-страниците. И фирмите што досега им плаќаа големи пари на дизајнерите за да им ги надополнуваат и изработуваат интернет-страниците сега можат тоа да го прават сами. Порталот е преведен на македонски, англиски и на српски јазик, а е креиран од тим скопски програмери од фирмата „Горд системи“.

- Досега сите претпријатија мораа да ангажираат други фирми за да им ги прават веб-страниците, а што е поважно и за да им ги надополнуваат со нови информации. Сега тоа не мора да го прават. Со инсталирањето на порталот и луѓе со елементарни познавања од компјутерите ќе можат да ги ажурираат интернет-станиците. MyWebPortal е продукт за крајни корисници. Тој го отстранува посредникот - објаснува Димитар Индовски, менаџер во „Горд системи“ и додава дека една од неговите основни предности е, пред сè, едноставноста.

Порталот е приспособен за здравствени установи, локалната самоуправа и за бизнисите. Производот е поделен меѓу почетна, професионална и ентерпрајз-верзија, во зависност за кого е наменета. За купувачите, во "Горд системи" се држат и кратки курсеви за користење - во зависност од комплицираноста, предавањата може да траат од неколку часа до неколку дена. Порталот веќе го користат Град Скопје, Општина Битола и во бугарската општина Казанлак, Републичкиот завод за здравствена заштита и многу други фирми и организации. Производот е креиран пред околу четири години, а добитник е и на повеќе угледни светски награди, меѓу кои и на швајцарската „Best of Trado 2005“, македонската World Summit Award. Триумф е наградата Discobolos 2005 за најдобри остварувања во интернет-технологијата во категоријата услуги за територијата на Србија и Црна Гора.

- Порталот го користи Републичкиот завод за информатика и интернет во СЦГ и тие се задолжени да им даваат препораки и упатства и на сите јавни установи за кои производи од оваа област да ги користат. Очекуваме интерес и од други партнерски фирми и корисници. Еден од најголемите интернет-провајдери во Србија, „ЕУнет“ е наш партнер за тие простори - вели Индовски.

Тие досега го претставиле порталот на саеми во Хановер и во Минхен и на голем број работилници, а од фирмата велат дека главна цел им е да го пробијат производот на странските пазари.

Извор: Дневник
Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon    Kajmak.ot
 

Наши изданија

Претплатете се на нашиот е-билтен

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5