| Македонија: 32% од граѓаните користат интернет |
|
|
|
| 25.01.2006 |
|
Според истражувањето на Центарот за развој на медиуми
Центарот за развој на медиуми стави на располагање на јавноста дел од резултатите од истражувањето „Технички услови и потенцијал во радиодифузната дејност во Р. Македонија“ (.ppt, 880 KБ). Истражувањето го спроведе СММРИ (Strategic Marketing and Media Research Institute), беше финансирано од ФИООМ заедно со ОБСЕ.
Од вкупниот број на испитаници 68% изјавиле дека воопшто не користат интернет. 14% користат интернет во интернет-кафеа, а 11% сурфаат од дома. 9% користат интернет на работното место, додека 4% од испитаниците користат кај пријатели и 1% одговориле дека користат на друго место. |