Македонски
Почетна Активности Дистрибуција на стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик)

Дистрибуција на стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик) PDF Печати Е-пошта
13.07.2010
Членовите на Пинг.мк имаат прилика да се пријават да добијат бесплатен примерок од стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик) издаден од асоцијацијата ЕДРИ - Европски дигитални права чиј член е Фондацијата Метаморфозис.

За да си обезбедите примерок од стрипот доволно е да оставите коментар на написот на Пинг.мк и да кажете од каде би сакале да го подигнете. Вашиот бесплатен примерок ќе биде однесен до избраната локација и ќе ве чека да го подигнете.
Насловна страна на стрипот „Под надзор“ на англиски јазик
 Дистрибуцијата е овозможена од страна на следните институции, организации и фирми во текот на нивното работно време: .

Во Скопје

  • Фондација Метаморфозис, ул. Апостол Гусларот 40 (мапа) секој работен ден помеѓу 9 и 17 часот
  • Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Оддел за британска литература, бул. „Партизански одреди“ бр. 22
  • Книготека „Икона“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 22 (спроти Мекдоналдс), секој работен ден и сабота помеѓу 9 и 21 часот, во недела од 12 до 21 часот.
Во Битола
  • Книжарница „Икона“ на Широк Сокак, ул. „Маршал Тито“ бр. 100

Во Велес

Во Дебар


Во Кичево

  • Центар за развој на заедницата - Кичево, ул. 11 септември бб, зграда Сушица

Во Кратово


Количината на хартиени стрипови е ограничена на 33 и ќе бидат поделени според принципот „кој попрв се пријави, тој добива“.

Оние кои нема да успеат да си резервираат примерок на хартија, може да го симнат стрипот во ПДФ-формат на англиски или француски јазик.

Тагови: стрип , под надзор
Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5