Македонски
Почетна Активности Отворено писмо до министерот за образование на РМ по повод Денот на отворен пристап, 14 октомври
Отворено писмо до министерот за образование на РМ по повод Денот на отворен пристап, 14 октомври PDF Печати Е-пошта
14.10.2008

По повод Меѓународниот ден на отворен пристап (Open Access Day), Фондацијата Метаморфозис ги повикува Министерството за образование и наука и Владата на РМ да покренат иницијатива со која ќе започне системско, брзо и ефикасно решавање на акутниот недостаток на образовни содржини достапни на интернет (е-содржини) на локалните јазици во Македонија.

open-access-day

Отворен пристап претставува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Нејпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите или издавачите да бидат дополнително платени за тоа.

Со новиот Закон за учебниците за основното и средното образование се предвидува државата да ги откупи авторските права од авторите на учебниците со цел да овозможи бесплатни печатени изданија за учениците. Ова создава одлична основа истите тие изданија да бидат достапни не само до учениците, туку до целат јавност во дигитална форма, преку интернет. На тој начин пристап до овие знаења ќе имаат сите граѓани на Македонија – кои како даночни обврзници веќе имаат платено за нив, а и луѓето од целиот свет кои се заинтересирани за локалните јазици на Македонија, особено дијаспората. Голема предност на оваа иницијатива е што дополнителните зафаќања од буџетот за изработка на е-книги ќе бидат минимални, оти Законот веќе ги обврзува авторите да достават електронски верзии од делата.

Дополнителна можност за зголемување на фондот на е-содржини е со дополнување на Законот за високо образовние со обврска кандидатите за академски титули, како доктори и магистри, своите трудови да ги објавуваат на интернет според принципите на отворен пристап.

Отворениот пристап е светско движење кое влијае на создавање на политики во ЕУ (www.ec-petition.eu) и во САД, така што приклучувањето на Македонија ќе овозможи зголемена видливост на македонската научно-академска заедница во светот, а и зголемен рејтинг на земјата во образовните, научните и политичките кругови посветени на глобален развој.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5