Македонски
Почетна Активности Одржана обука за Википедија и Глобал Војсис за студенти од Филолошки факултет
Одржана обука за Википедија и Глобал Војсис за студенти од Филолошки факултет PDF Печати Е-пошта
17.05.2009

Како дел од активностите за проектот „Поттикнување на локални е-содржини“, Фондацијата Метаморфозис организираше две обуки за поставување на написи онлајн за дел од студентите од Филолошкиот факултет, катедра англиски јазик.

Првата обука беше со цел да им се претстави на студентите проектот Глобал војсис и можноста за нивно вклучување како преведувачи за македонската верзија на сајтот. Заинтересираните студенти, потоа имаа обука за користење на платформата Wordpress, која се користи за потребите на проектот Глобал војсис. Со обуката студентите научија како да постават нов напис, како да форматираат текст, како да постават слика и некои други слични процедури кои се потребни за користење на платформата.

Новина во обврските на студентите на Филолошкиот факултет е преведување и поставување на написи за македонската Википедија. Фондацијата Метаморфозис сакајќи да ја поддржи оваа иницијатива одржа обука за студентите со цел да ги обучи за поставување на написи на Википедија и нивно правилно форматирање и категоризирање.

Во рамките на обуките беа опфатени по 10 студенти, од кои дел станаа и волонтери за Глобал војсис на македонски.



Поврзани написи:

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5