|
27.11.2009 |
|
На 30 ноември со почеток од 10 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје ќе биде извршена презентација на Евалуацијата на влијанието на активностите на Проектот за е-влада на УСАИД, со особен нагласок на е-услугите за деловниот сектор. Евалуацијата е извршена од Фондацијата Метаморфозис во периодот јули-септември 2009.
Во рамките на Евалуацијата извршено е оценување на задоволството на корисниците и влијанието на активностите на Проектот за е-влада финансиран од УСАИД врз развојот на е-власт во Македонија (2004-2009) преку петте апликации на проектот од сферата влада кон деловни субјекти (Government to Business - G2B).
Целите на евалуацијата опфаќаат одредување на нивото на задоволство на корисниците од петте G2B апликации развиени во Македонија со поддршка на Проектот за е-влада финансиран од УСАИД, вклучително и причините за задоволство или незадоволство, влијанието на овие услуги врз деловните резултати на корисниците и
До кој степен работата на Проектот за е-влада влијаеше на и го поттикна процесот на развој на е-власт во Македонија. Процесот опфаќаше анкета со 450 фирми, како и други видови истражувања.
Целосниот текст на Евалуацијата е достапен во електронски формат (ПДФ) на веб-сајтот на Проектот за е-влада на УСАИД. |